Top Sport

Кајл Вокер сака трансфер во Баерн Минхен

Баерн Минхен се заинтересирани да го добијат десниот бек на Манчестер сити, Кајл Вокер, кој и покрај тоа што ја освои тројната титула со „граѓаните“ и е еден од стандардните првотимци во тимот на Пеп Гвардиола не е задоволен од својот статус во клубот.

Според „Атлетик“, во Баерн веруваат дека трансферот е реален, и дека нема да биде проблем со договарањето за платата на Англичанецот, иако Сити ќе бараат висока сума. Вокер, кој пристигна во Сити од Тотенхем во 2017 и оттогаш има 254 настапи за клубот има само уште една сезона од договорот.

Вокер наполни 33 години во мај.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');