Најдобриот светски фудбалер во 2007 година, Рикардо Кака, се присетил на периодот кога од Милан се преселил на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, истакнувајќи дека тоа бил најтежкиот период во неговиот живот.
Кака за Милан од 2003 до 2009 година одиграл 193 натпревари, постигнал 70 гола, во 2007 ја освои „Златната топка“, а две години подцна реши да ја прифати понудата на Реал. По сезоната во која тренер на Реал беше Мануел Пелегрини, следува „пеколна“ соработка со Жозе Мурињо.
„Целосно потонав по пристигнувањето во Реал, во Италија сите ме сакаа, а во Шпанија сакаа да си заминам. Мурињо беше тежок како тренер, кога помислив дека ќе ми даде шанса тоа не се случи. Не можев да му докажам дека сум подготвен да играм, тренирав и го молев да ме пушти да играм“, рекол Кака.
По четири години, 85 натпревари и 23 гола, Кака ја напушта Шпанија и се враќа во Милан. Во сезоната 2013/2014 одиграл 30 натпревари и постигнал седум гола.
„Не бев задоволен од работата со него, бев среќен кога го напуштив Реал и кога Мурињо рече дека сум еден од најдобрите играчи со кои работел“, завршил Кака.