Мексиканските шампиони, Тигрес објавија дека пред стадниот „Универзитарио“ ќе изградат статуа на францускиот напаѓач Андре-Пјер Жињак, кој потоа одговори со хет-трик за 23 минути во 3:1 победата над Нексака во саботата навечер.
Жињак минатиот викенд го сруши рекордот на клубот со својот 105. гол во 1:0 победата над Пумас, по што доби серенада од 105 маријачи свирачи кои пееја „Ел реј“ (кралот) по загревањето во средата. Поранешниот фудбалер на Марсеј не можеше да ги совлада емоцитие откако доби плакета и топка.
.@tigresoficial to build a statue in honor of Andre-Pierre Gignac. Mariachi played “El Rey” to the club’s top goalscorer after the warmup as he received a commemorative shirt … he then scored 3 goals in the first 23 mins. Tigres 3-1 Necaxa #ligamxeng pic.twitter.com/3ZifA8cBIK
— Tom Marshall (@mexicoworldcup) August 11, 2019
Навивачите на Тигрес направија мозаик од француското знаме, со десниот горен агол во боите на Мексико, бидејќи Жињак е и натурализиран мексикански државјанин. Жињак го кажа своето на теренот, постигнувајќи голови во 5., 17. и 23. минута.
33-годишниот Жињак дојде во Тигрес како слободен играч во 2015 и оттогаш освои четири Лига МХ титули со клубот, а две сезони беше и најдобар стрелец на лигата.