Top Sport

Како Ансалди му го спаси животот на Хисај (видео)

Кристијан Ансалди најверојатно му го спаси животот на Елсеид Хисај при хорор падот на дуелот меѓу Торино и Наполи во неделата, иако албанскиот фудбалер на крајот доби скршен стернум (градна коска) и го очекува подолга пауза од фудбалот.

Во 34. минута од мечот, Хисај при еден воздушен дуел падна на врат, но за среќа бекот на Торино, Ансалди малку го ублажи неговиот пад откако го грабна противникот за половина. Мечот заврши 0:0.

Снимките покажаа дека Хисај добил фрактура на стернумот, но сепак тој се јави на Твитер со благодарност за сите пораки кои ги добил.

Scroll to Top