Top Sport

Како би изгледало Роналдо и Меси да играат во ист тим? (видео)

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се дефинитивно две фудбалски имиња кои ги одбележија последните деценија и пол, собирајќи поголем дел од индивидуалните награди, и правејќи ривалство кое понекогаш ги делеше фудбалските фанови.

Но, како би изгледал тим во кој двете ѕвезди би биле од иста страна, и каква опасност би претставувало тоа за противничкиот тим? Еден фан на Твитер покажа како би можело да изгледа тоа во реалноста и веднаш се забележува дека тоа би бил еден убиствен напад.

И Роналдо, кој е познат по својата физичка подготвеност и менталитет, и Меси, кој со природниот талент доминираше со Барса, можат да играат како стандардни напаѓачи, но и како фудбалери од средниот ред, асистирајќи со фантастична прецизност. Уживајте!

Scroll to Top