Роналдињо, некогаш најдобриот фудбалер во светот, речиси три недели се наоѓа во притвор во Асунсион, откако во Парагвај влегол со фалсификуван пасош.
Тој до почетокот на судењето ќе остане во притвор, откако судијата Густаво Амарилја ја одбил кауција од 1,4 милиони евра која неговите адвокати ја понудиле за тој судењето да го чека од слобода.
Роналдињо во затворот учествуваше на турнир во мал фудбал. Со екипата за која играше победи на турнирот на кој првата награда била печено прасе.
На последната снимка објавена од затворот се гледа дека Роналдињо открил нов спорт, одбојка со нога.
„Роналдињо не се чувствува добро. Исчезна неговата препознатлива насмевка. Ги нема повеќе позитивните вибрации кои ги испраќање, се наоѓа на место на кое не е навикнат да биде. Го нема луксузот во кој што е навикнат да живее“, рекол поранешниот репрезентативец на Парагвај Нелсон Куевас кој имал можност да го посети Роналдињо во затворот.