Мадридското дерби беше слабо и заврши без голови, а најсмешниот момент дојде веќе во петтата минута од мечот, кога капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос му посака добредојде на новата ѕвезда на Атлетико, Жоао Феликс во познат агресивен стил.
Рамос успеа да го собори Феликс, по што веднаш му демонстрираше дека треба да стане, пред да оди да се објасни со судијата. Капитенот за стартот, секако, не доби жолт картон.
Sergio Ramos gave Joao Felix a warm welcome to the Madrid Derbi…#RMDerbi
— RouteOneFootball (@RouteOneTweets) September 28, 2019