Top Sport

Како се слави кога ќе дознаеш дека играш против Реал Мадрид

Вообичаено кога ќе го добиеш Реал Мадрид како свој следен противник, на играчите и на тренерот ги фаќа главоболка како да се спротистават на еден од најмоќните клубови на светот, но тоа не беше случајот со шпанскиот третолигаш Алкојано.

Алкојано, клуб основан во 1928 година во близината на Валенсија и постојан престој во третата и четвртата лига, вчера го победи прволигашот Уеска со 2:1 и се пласираше во шестнаесетфиналето на Копа дел Реј, за што за „награда“ добија дуел со Реал Мадрид. Нивната реакција е долу.

Scroll to Top