Top Sport

Дренте се појави на тренинг со десетина килограми вишок

Фудбалерот кој го нарекуваа следната голема фудбалска ѕвезда и кој заврши во Реал Мадрид, Ројстон Дренте од неодамна е член на шпанскиот третолигаш Расинг Мурсија, а причината за ова е очигледна – 33-годишниот Холанѓанец има вишок килограми.

Дренте неодамна банкротираше, откако по неуспешната кариера како рапер и актер, заигра за холандскиот второлигаш Козакен бојс и ќе биде интересно да се види дали ќе се врати во форма во која ќе може да игра професионален фудбал.

Банкротираниот Дренте заврши во шпанскиот третолигаш Мурсија!

Scroll to Top