Top Sport

Како се смееше Салихамиџиќ кога на Баерн му се „падна“ Вилјареал

Навивачите на Баерн Минхен уште не можат да се помират со елиминацијата од аутсајдерот Вилјареал во Лигата на шампионите, а не помагаат ниту работите кои се вадат од архивите – како моментот кога спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ се смее кога на ждрепката им се падна шпанскиот клуб.

Откако ја дозна ждрепката за четврт-финалето, водителот на „Баерн ТВ“ се насмеа пред да му каже на Салихамиџиќ: „Да кажеме вака, ова е ждрепка која лесно се ракува“. Самиот Салихамиџиќ се смее и ја одобрува реакцијата.

Scroll to Top