Top Sport

Како селото на Мане ја славеше неговата награда за најдобар африкански фудбалер (видео)

Вчера во елитниот летен центар Хургада во Египет, ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане првпат во кариерата ја доби награда за најдобар африкански фудбалер, комплетирајќи ја неверојатната сезона на Сенегалецот, кој инаку доаѓа од малото село Бамбали, каде што церемонијата се следеше со нетрпеливост.

27-годишниот Мане ги победи Мохамед Салах и Ријад Марез за наградата за да стане втор Сенегалец со овој трофеј по Ел-Хаџи Диуф, и тоа беше пречекано со голема прослава во неговото родно село.

Гледајќи на голема екран во центарот на селото, тие еруптираа со радост кога трофејот заврши во неговите раце. Тој е херој во својот роден крај, бидејќи не го штеди своето богатство заработено во фудбалот да инвестира во школи и во болници.

Садио Мане првпат со наградата за најдобар африкански фудбалер

Scroll to Top