Top Sport

Судијата го искара дека не се труди, Куевас полуде (видео)

Уругвајскиот тениск иветеран Пабло Куевас реагираше смешно на предупредувањето од судијата дека „не се труди доволно“ во дуелот со Грузиецот Николоз Басилашвили на АТП купот.

34-годишниот Куевас губеше со 5:4, а по предупредувањето од судијата, тој реши да скока на теренот, а по неколку гестикулации доби и уште една казна. По ова, тој сакаше да си замине од мечот, пакувајќи ја својата торба, пред Басилашвили да го убеди да го комплетираат мечот.

На крајот, Грузиецот победи со 4:6/6:1/6:4 за 2:1 победа над Уругвај, прва на АТП купот, каде што веќе се елиминирани.

Scroll to Top