Одлуката Унаи Емери да го направи Гранит Џака капитен наиде на големи реакции кај дел од навивачите на Арсенал, а по денешниот меч со Кристал палас, ситуацијата сигурно ќе се влоши.
Кога Џака беше повлечен од игра во 60. минута, откако „топчиите“ прокоцкаа 2:0 водство за 2:2 против Кристал палас, тој беше пречекан со низа свирежи, по што им покажа на навивачите дека не ги слуша, за на крајот да им каже „fuck off“, за едно комплицрано и фрустрирачко попладне на „Емирати“.
Granit Xhaka, telling Arsenal fans to F*ck off, took his shirt off and walked down the tunnel. pic.twitter.com/pt6af0FUsG
— TheArseneView (@TheArseneView) October 27, 2019