Top Sport

Каков пресврт! Реал Мадрид од 0:2 до победа над Алмерија

Реал Мадрид ја победи Алмерија во денешниот натпревар од 21. коло на Ла Лига со резултат од 3:2. Натпреварот се одржа на „Сантијаго Бернабеу“.

Мадриѓаните примија два гола во првото полувреме. За гостите погодија Ларжи Рамазани и Едгар Гонзалес.

Во вториот дел Реал изедначи преку Џуд Белингем и Винисиус Жуниор. Во 78. минута Белингем ги доведе Мадрид во предност, но голот беше поништен по интервенција на ВАр. Сепак во 90+9. минута погоди Дани Карвахал за триумф на домаќините.

По 21 коло, Реал собра 51 бод и е лидер во Ла Лига. Алмерија остана на шест бода на последното 20. место.

Scroll to Top