Пред да почне со подготовките за мадридското дерби во сабота, Кристијано Роналдо повторно сподели видео на својот седумгодишен син со исто име како постигнува шест гола (од осумте на неговиот тим).
И претходно известувавме за најпознатиот син на најпознатиот фудбалер на светот и неговите квалитети со топката, но ова е на сосема ново ниво.
„Златното момче“, кои очигледно има фудбалски гени, настапува за „Ленсерс А“ тимот во американското училиште Позуело де Аларкон, и немаше милост против „Бернадете Б“ тимот предводејќи ги до импресивна победа со Кристијано и Георгина на трибините.