Top Sport

Каква врска има Азар со Месечината?

Најзвучното и најскапото засилување на реал Мадрид во овој преоден рок, Еден Азар, ноќеска во Хјустон дебитираше за „кралскиот клуб“. Реал го загуби мечот со Баерн 1-3, а шпанските медиуми пишуваат дека Азар покажал дека ќе биде големо засилување за „кралскиот клуб“.

Она што ги изненади сите е бројот што го носеше Азар на дуелот со Баварците. Слободни бројки во Реал се 23, 44 и 50, а Белгиецот решил да го земе последниот. Азар нема да го носи секогаш да го носи овој број, туку го избрал само за американската турнеја.

Зошто го одбрал бројот 50? Тој сакал да ја обележи 50-годишнината од спуштањето на човекот на Месечината. Пред половина век, Нил Амстронг, стана првиот човек кој стапнал на Месечината.

Scroll to Top