Првиот меч од Лигата на шампионите на „Рајн Некар арената“ започна експлозивно откако Хофенхајм дојде до водство во 45. секунда од мечот.
По една неуспешна офсајд-стапица, Алжирецот Ишак Белфодил се најде на вистинското место за да го совлада Едерсон и да донесе водство на тимот на најмладиот тренер во ЛШ, 31-годишниот Јулијан Нагелсман.
Сити не чекаа многу и во деветтата минута израмнија на 1:1 преку Серхио Агуеро.