Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ очигледно дека нема иднина на „Ноу Камп“, но засега се уште размислува за понудите кои доаѓаат на негова адреса. Проблем засега е неговата висока плата.
Италијански „Калчомеркато“ пишува дека Јувентус се подготвени за размена. Пјаниќ да се врати во Торини, а во спротивна насока да отиде велшкиот фудбалер, Арон Рамзи.
Според договорот, Рамзи годишно заработува по 7,5 милиини евра од „Старата дама“, додека платата на Пјаниќ е 8 милиони евра.
Пјаниќ минатото лето дојде во Барса при разената со Артур Мело кој го облече „црно-белиот“дрес, но не успеа да се наметне кај Роналд Куман.
Холанѓанецот отворено му кажа дека не смета на него.
Неколку клубови се заинтересирано за босанскиот фудбалер, но повеќето понуди се за позајмица.