Top Sport

Калиниќ се „разбуди“ со два гола, Рома со 4:3 победа кај Калјари (видео)

Иако во неделата се одиграа само два меча од Серија А, головите не недостасуваа. По деветте гола и 7:2 гостинската победа на Аталанта над Лече, и Рома стигна до триумф на гости, овојпат на жешкото гостување на Сардинија, победувајќи го Калјари со 4:3.

Домаќините први се запишаа во листата на стрелците, откако во 28. минута постигна фантастичен гол за 1:0, но тогаш се случи нешто што никој не очекуваше – подзаборавениот Никола Калиниќ, кој стартуваше на местото на Един Џеко, постигна два гола во 29. и 41. минута за да ја донесе „волчицата“ во водство.

Калиниќ во 64. минута исто така одлично му асистираше на Јустин Клајверт за 1:3, но тука не беше крај на головите. Гастон Переиро во 75. минута намали на 2:3, пред Александар Коларов во 81. минута да ја врати предноста од два гола на Рома. Во 89. минута беше досуден пенал за Калјари, а на Жоао Педро му беше потребен повторен обид да ги постави конечните 3:4.

Со победата, Рома останува петта со 45 поени, три помалку од Аталанта, додека Калјари се 11. со 32 поени.

Scroll to Top