Напаѓачот на Херта Берлин, Саломон Калу предизвика бес во Германија откако објави видео на својот Фејсбук профил во кое ги прекршува речиси сите правила за социјално дистанцирање поради корона вирусот.
Поранешниот фудбалер на Челси, објави видео во живо во кое пристигнува во тренинг-центарот на бундеслигашот, понудувајќи рака на повеќето соиграчи, а потоа налета и на соиграчот Џордан Торунарига, кој во моментот го тестираат за корона вирусот. Откако лекарот му советува да ја напушти просторијата, тој останува со соиграчот. Потоа, тој разговара со својот соиграч, Ведад Ибишевиќ, кој се жали на кратењето на платата.
Само пред неколку дена во интервју со „Би-би-си спорт“, фудбалерот од Брегот н Слоновата Коска, изјави дека треба да се врати фудбалот, но дека „ништо не треба да се ризикува“.
Се очекува Бундеслигата прва да се врати на ТВ-екраните, откако на крајот на неделата треба да се одлучи дали ќе може да се рестартира лигата, секако без навивачи на трибините.
Hier das Video von #Kalou aus dem Facebook Livestream: #Hertha #Bundesliga
“They took eleven percent” “Why are they f**ing with us?” pic.twitter.com/ezM0kEgeSJ
— Christopher Hahn (@Hahnebuechen) May 4, 2020