Top Sport

Каменуван автобусот на Бока, Суперкласико одложено за еден час

Возвратниот натпревар во финалето на Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плата и Бока јуниорс можеби ќе биде одложен поради проблеми надвор од стадионот. Навивачите на Ривер го каменувале автобусот во кој биле играчите на Бока јуниорс.

Натпреварот е одложен за еден час и наместо во предвидениот термин, 21 часот, ќе се игра од 22 часот.

Според информациите од Аргентина, со оглед на тензиите што ги носи секое Суперкласико, можно е натпреварот да биде одложен и за некој друг ден. Засега овие информации се во доменот на шпекулации.

Наводно во инцидентот, во кој со камења е нападнат автобусот на Бока, биле повредени тројца фудбалери.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');