Американската пејачка Камила Кабело се пожали на „непристојните“ навивачи на Ливерпул и на Реал Мадрид, откако го отвори вчерашното финале на Лигата на шампионите со настап на „Стад де Франс“ во Париз.
25-годишната Кабело речиси не се слушаше од клупските песни на навивачите на двата клуба, по што се пожали на Твитер, пред да го избрише постт.
„Повторно го гледам нашиот перформанс и не ми се веруваа дека луѓето ги пејат химните на нивните тимови толку гласно. Мојот тим и јас работевме неуморно за да донесеме вистински вибрации и да дадеме вистинско шоу. Многу непристојно, но што да правиш“, напиша Кабело.