Неделното дерби помеѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј (0:1), кое заврши со пет црвени картони и понатаму се тема во француската јавност. Еден од оние кои доби црвен картон беше Нејмар.
Бразилецот го удри играчот на Марсеј Алваро Гонзалес поради што доби црвен картон. По мечот тој започна „војна“ со Гонзалес на социјалните мрежи. Го обвини противничкиот фудбалер за расизам.
Ден подоцна од Марсеј порачаа дека Алваро Гонзалес добивал смртни закани.
Нова епизода во целиот случај се обвинивањата кон Нејмар за хомофобија. На „Твитер“ е покрената голема акција Бразилецот да биде прогласен за хомофоб.
Нејмар својот противник го нарекол „еб..о пе….е“.
Инаку Најмар вечерва ќе ја дознае казната за црвениот картон. Французите тврдат дека тој ќе добие седум натпревари суспензија.
Donc en décorticant les images qui innocentent pour le moment Álvaro González on s'aperçoit que Neymar aurait dit “Puto maricon“. Propos à caractère homophobe.
Alors #NeymarHomophobe ?pic.twitter.com/xscIvyI1kS
— ???????? ??????? (@Vincent1393bis) September 16, 2020