Top Sport

Кан: Квалитетот на Тухел се покажа со контролата во ПСЖ

Промоцијата на Томас Тухел за нов тренер на Баерн Минхен, генералниот директор на баварскиот гигант, Оливер Кан го искористи да прати „боцка“ кон Пари Сен-Жермен, поранешниот клуб на германскиот тренер.

49-годишниот Тухел, кој претходно работеше со Борусија Дортмунд, Пари Сен-Жермен и Челси, го наследи Јулијан Нагелсман по изненадувачката одлука да му се даде отказ. Тој освојуваше трофеи со трите тима, а ПСЖ ги предводеше до прво финале на Лигата на шампиони во 2020.

„Не мора да се зборува за неговите квалитети, кои се импресивни. Неговата кариера го покажува тоа. Да се води тим како ПСЖ не е лесно, а тој ги однесе до финале на ЛШ. Во неговите тимови секогаш има лична раст. Затоа сме среќи што го имаме како тренер“, изјави Кан.

Баерн го елиминираше ПСЖ во Лигата на шампиони оваа сезона, пред Нагелсман да добие отказ. Во четврт-финалето, Тухел ќе го предводи тимот против Манчестер сити.

Scroll to Top