Top Sport

Канатларовски го одреди тимот на Македонија У21 за мечевите со Кипар и со Србија

Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 21 година овој месец на Кипар ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на домаќинот и против репрезентацијата на Србија.

На 17. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се соочат со домаќинот Кипар, а пет дена подоцна ќе имаат контролна пресметка против Србија.

„После контролните натпревари против Албанија и Саудиска Арабија што се одиграа во Хрватска, не очекуваат нови два меча против квалитетни противници. Тест натпреварите против Кипар и Србија се добра можност да добиеме увид во моменталната форма на повиканите репрезентативци. Се надевам дека ќе го продолжиме трендот на остварување позитивни резултати, а тоа дополнително ќе ја крене нашата самодоверба пред почетокот на квалификациите. Речиси нема промени во списокот на повиканите фудбалери во однос на претходните наши натпревари. Се соочуваме со објективни проблеми поврзани со малата клупска минутажа на одредени важни фудбалери во составот, но играњето за репрезентацијата е нешто посебно и се надевам дека истите тие играчи ќе го дадат максимумот и во вистинско светло ќе се покажат на претстојните мечеви. Убеден сум дека имаме квалитет, но мора на секој натпревар да бидеме со правилен пристап, одлучни во целта што сакаме да ја оствариме и се разбира со голема желба за победа”, изјави Драган Канатларовски.

Селекторот на нашата млада репрезентација, Драги Канатларовски за претстојните натпревари прати повик за следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Стефан Митрев (Беласица), Александар Ангелкоски (Тетекс);

Одбрана: Александар Ѓурковски (Тиквеш), Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Кристијан Тасевски (Аугсбург), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар);

Среден ред: Алекс Златков (Шкупи), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Победа), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Газиантеп, Турција), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска Спорт), Методи Максимов (Работнички);

Напад: Марио Илиевски (Кишварда,Унгарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија), Христијан Малески (Струга Трим Љум);

Scroll to Top