Освојувачот на Светско првенство, Фабио Канаваро повторно е тренер на кинескиот клуб Гуангжу Евергранде, откако ја заврши обуката за „кинеска корпоративна култура“.
Италијанецот, кој кратко беше и селектор на Кина, беше суспендиран минатата недела и заменет со преодниот шеф Жанг Жи, по 2:2 ремито со Хенан Џианје, по кој неговиот клуб остана со само поен предност на врвот на Кинеската Суперлига. Покрај ова Евергранде не успеа да влезе во финалето на Азиската Лига на шампиони по поразот од јапонскиот клуб Урава ред дајмондс.
„Попладнето на 3 ноември, Канаваро му поднесе пишан извештај на Ксу Џиајин, претседателот на бордот на директори на ’Евергранде групацијата’ со опишување на оствареното во 2019. Ксу Џиајин ја пофали студијата на Канаваро, неговото однесување и ефективноста во работата со младите играчи. Тој ја критикуваше способноста на Канаваро да ги поправи грешките и недостатокот на дисциплина во менаџирањето на тимот. Тој се надева дека Канаваро ќе го практикува културниот концепт на Евергранде: ’Ако нешто правиш, прави го тоа најдобро’“, се вели во интересното соопштение на клубот.
До крајот на кинеската лига има уште три кола, а Евергранде има една победа во последните пет меча. Следниот меч е дуелот со второпласираните Шангај СИПГ.
Guangzhou Evergrande announced Fabio Cannavaro has returned to continue taking the role as the head coach of the team. Quote of the statement: Xu Jiayin(owner of Evergrande) expects Cannavaro work hard to improve comprehensive skills following Evergrande corporate culture. pic.twitter.com/pzzryBhr8B
— Titan Sports Plus (@titan_plus) November 3, 2019
Канаваро суспендиран и пратен на „обука“ за кинеска корпоративна култура