Top Sport

Вардар убедлив против Мешков за крај на лошата серија и враќање на второто место

Европскиот шампион Вардар ја прекина лошата низа од два порази во Лигата на шампионите, да се врати со убедлива 36:31 (19:17) победа над белорускиот Мешков Брест и да се врати на второто место во групата Б.

По двата тешки порази, дома од Кил и на гости кај Веспрем, со овој триумф треба да се врати самодовербата во тимот на Едуард Кокшаров и да се продолжи патот до висок пласман и борба со најдобрите европски тимови.

Во првото полувреме, предводени од шесте гола на Иван Чупиќ, „црвено-црните“ направија предност од два гола (19:17), а во второто полувреме покажаа дека се подобар тим од Мешков, за победа за „залечување“ на раните. Радува, секако, враќањето на капитенот Стојанче Стоилов (два гола) и неговото големо присуство на теренот, како и одличниот тинејџер, Марко Кизиќ на голот.

Даинис Криштопанс имаше 9 гола за Вардар, Чупиќ запиша седум, Сташ Скубе шест, а а Глеб Калараш пет гола. За Мешков, Микита Ваилупау беше најдобар со 9 гола.

Во нашата Б група, Кил триумфираше на гостувањето кај аутсајдерот Мотор Запорожје со 30:27 за да се зацврсти на првото место на табелата со 11 поени (пет победи и едно реми со Кјелце). Вардар е втор со 8 по што следуваат Кјелце и Монпелје со 7 и Веспрем и Порто со 6 поени.

Фото: Фејсбук/РК Вардар

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Пик Сегед – Целје 31:24 (14:14)

Табела:  1.Барселона 10, 2.ПСЖ 10, 3.Пик Сегед 9, 4.Алборг 8, 5.Флензбург 7, 6.Целје 2, 7.Еверум 0, 8.ППД Загреб 0

ГРУПА Б

Вардар – Мешков Брест 36:31 (19:17)

Мотор – Кил 27:30 (13:15)

Табела:  1.Кил 11, 2.Вардар 8, 3.Кјелце 7, 4.Монпелје 7, 5.Веспрем 6, 6.Порто 6, 7.Мешков 2, 8.Мотор 1

Scroll to Top