Фудбалскиот сојуз на Кина го именуваше Фабио Канаваро за нов селектор на националниот тим.
Поранешниот италијански репрезентативец, кој во кариерата играчл во Јувентус, Реал Мадрид, Интер и Парма, на кормилото го замени сонародникот Марчело Липи.
Липи поднесе оставка на функцијата во јануари, откако Кина доживеа елиминација во четврт-финалето на Купот на Азија.
Канаваро покрај селекторската ќе ја обавува и актуелната тренерска функција во Гвангжу Евергранде.
Дебито на селекторската позиција Канаваро ќе го има на 21 март против Тајланд, на Купот на Кина. На турнирот ќе учествуваат уште Уругвај и Узбекистан.
Канаваро во 2006 година со Италија стана светски првак, а кариерата ја заврши во 2011 година.