Top Sport

Канаваро: Сонувам за Наполи или Италија

Фабио Канаваро признава дека неговата работа од соништата е тренерското место во Наполи или во италијанската репрезентација, иако разговарал за ангажман со Евертон, Вотфорд, Фиорентина и полската репрезентација.

Освојувачот на „Златната топка“ од 2006 и поранешен светски шампион досега работеше со Ал-Алхи, Гуангжу Евергранде, Ал-Наср, Кванџијан Тијанџин, а беше и привремен селектор на кинеската репрезентација.

„Можеби изгледа дека фудбалот во Кина е на пониско ниво, но бев на чело на Гуангжу Евергранде, клуб кој освои девет лигашки титули и два азиски шампионати во последните 10 години. Затоа не сакам да направам грешка при изборот на првиот европски клуб. Последните години зборував со Евертон, Вотфорд, Фиорентина и Полска, но сонот би бил да се вратам како тренер во Италија. Наполи би бил вистински сон, бидејќи сум фан од моето детство и таму започнав, но тие се добар тим и имаат одличен тренер и знам дека ми е потребно искуство. Ќе видиме во иднина“, вели Канаваро за „Скај спорт Италија“.

Scroll to Top