Top Sport

Конор Мекгрегор би сакал да го купи Челси

Конор Мекгрегор секогаш е подготвен за бизнис, како што покажа со продавањето на својот бренд виски „Пропер 12“, и признава дека би бил заинтересиран да го купи Челси по шпекулациите дека Роман Абрамович по 19 години на чело на лондонскиот клуб бара купувач.

Поранешниот УФЦ шампион, кој во своето детство бил член на локалните фудбалски клубови од Даблин, Лурд Селтик и Крамлин јунајтед и е огромен фан на Манчестер јунајтед, ја покажа својата амбиција на Твитер.

„Би сакал да го истражам ова, Челси“, напиша Мекгрегор на Твитер.

Сепак, ако се точни шпекулациите дека Абрамович бара околу 3 милијарди фунти за клубот, ниту богатството на Мекгрегор не е доволно за таква „трансакција“.

Scroll to Top