Top Sport

Борусија Дортмунд му го откажа членството на Шредер поради руските врски

Бундеслигашот Борусија Дортмунд во средата потврди дека му го одземаат почесното членство на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер поради неговата поврзаност со Русија.

Претседателот на клубот, Рајнхард Раубал го информирал Шредер на „личен состанок“, дека неговото членство се повлекува.

77-годишниот Шредер, кој беше германски канцелар од 1998 до 2005 година е близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин, а и претседател на бордот на „Роснефт“, руската најголема нафтна компанија и во членот на бордот на „Северен тек 2“, руско-германскиот гасовод, а ќе стане и член на бордот на „Газпром“ во јуни.

Тој не е единствен поранешен европски лидер поврзан со руски компании, како поранешниот француски премиер Франсоа Фијон и екситалијанскиот премиер Матео Ренци, кои си дадоа оставки по војната во Украина. Шредер останува на своите позиции.

Scroll to Top