Top Sport

Кандрева потпиша за Сампдорија

Сампдорија потврдија дека фудбалерот од средниот ред Антонио Кандрева пристигна од Интер со четиригодишен договор за клубот од Џенова.

Кандрева пристигнува на позајмица од една сезона со обврска да го купат на крајот на 2019/20, за околу 3 милиони евра.

33-годишниот Кандрева се врати во форма минатата сеона со седум гола и девет асистенции во 40 меча за Интер, но кај „нераѕурите“ немаше место за него по пристигнувањето на Александар Коларов и Ашраф Хакими. Вкупно, тој одигра 151 натпревар за „нераѕурите“ откако пристигна од Лацио за 22 милиони евра во 2016.

Кандрева исто така има 54 настапи за италијанската репрезентација, но последниот му беше во март 2018 година.

Scroll to Top