Top Sport

МЗТ со голема победа во Сплит, опстанокот во АБА станува реалност

„Металците“ одиграа најдобро кога беше најпотребно, за МЗТ Скопје Аеродром да стигне до клучна 77:74 победа на гостувањето кај Сплит за драстично да си ги зголеми шансите за опстанок во АБА-лигата пред последното коло од регуларниот дел.

По израмнетата прва четвртина, во која Сплит имаше предност од четири поени (24:20), МЗТ одигра фантастична втора четвртина за да направи пресврт и да има 39:31 предност, која потоа ја задржа во интересната завршница.

Најдобри кај МЗТ беа браќата Стојановски – Војдан уфрли 16, а Дамјан 13 поени, додека кај Сплит, Шенон Шортер беше убедливо најефикасен со 22 поени.

Со победата, македонскиот шампион го подобри скорот на 6-19, израмнувајќи се со Борац Чачак со 6-18, но српскиот клуб го очекува дуел со Црвена звезда и со Будуќност, додека МЗТ во последното коло дома игра со Цибона.

Фото: АБА лига

Scroll to Top