Top Sport

Канг-Ин Ли, првиот Кореец кој ќе го носи дресот на ПСЖ

Летната селекција на Пари Сен Жермен продолжи со потписот на јужнокорејскиот интернационалец Канг-Ин Ли. Oфанзивниот играч за врска потпиша петгодишен договор, а Мајорка за него доби нешто повеќе од 20 милиони евра.

„Задоволство ми е што пристигнав во еден од најголемите клубови во светот. Тука има исклучителни играчи со кои сум сонувал дека ќе играм. Едвај чекам да започне мојата авантура”, изјави Канг-Ин Ли.

Тој е првиот фудбалер од Јужна Кореја кој ќе настапува за ПСЖ.

Scroll to Top