Челси и француската фудбалска репрезентација добија нови лоши вести откако Н’Голо Канте морал да оди на операција на бутниот мускул, по што ќе паузира од фудбалот најмалку четири месеци, што значи дека нема да може да биде дел од тимот на Дидие Дешам за Светското првенство.
Канте се повреди при 2:2 ремито со Тотенхем, а Челси сега потврдија дека тој имал успешна операција и дека го чека долга пауза. Французинот немаше настап под новиот менаџер на тимот, Греем Потер, а 31-годишниот фудбалер од средниот ред сега го очекува неизвесна иднина, бидејќи неговиот договор со Челси завршува на крајот на сезоната и нејасно е дали ќе му биде понуден нов договор.
Speedy recovery, all with you @nglkante. 💙 pic.twitter.com/5TtXiwRBRX
— Chelsea FC (@ChelseaFC) October 18, 2022