Top Sport

Валенсија го шокираше Ефес, Виртус „падна“ во Литванија

Валенсија ја забележа првата победа во новата сезона во Евролигата, откако на гости во Истанбул со 92:91 го совлада шампионот од елитното европско натпреварување, Анадолу Ефес. Драматично беше и во Литванија, каде што Виртус Болоња пропушти шанса за победа за да загуби со 68:65 од Жалгирис.

Василије Мициќ успеа да ги држи во игра Ефес со 17 поени во првото полувреме, откако Валенсија постигна неверојатни 12 тројки, за турскиот клуб да има предност во последната четвртин. Но, во финишот на мечот, Родриг Бубоа постигнува тројка за предност на Ефес, пред да направи фаул во следниот напад, а Крис Џонс со две слободни фрлања да ја запечати победата на гостите. Мициќ заврши со 22 поени, Вил Клејбрн имаше 18 за Ефес, додека Бојан Дубљевиќ со 20 поени и 5 скока беше најдобар за шпанскиот тим.

Виртус Болоња, пак, пропушти предност од 12 поени на гости кај Жалгирис, пред Игнас Браздеикис на 13 секунди да погоди, и потоа со слободни фрлања да ја запечати победата на домаќините. Браздеикис заврши со 14 поени, Роланад Смитс додде 13, додека кај италијанскиот клуб, Кајм Вимс имаше 15 поени.

Scroll to Top