Н’Голо Канте е познат како срамежлив и скромен човек, што се откри и кога со Франција стана светски шампион и се срамеше да го допре трофејот, за разлика од другите фудбалски ѕвезди со милионски плати.
Фудбалерот на Челси беше пофален од Абдула Рахман, кој на Твитер откри дека е во друштво на Канте, откако тој го пропуштил возот за Париз по мечот Челси-Кардиф па отишол во најблиската џамија. Таму тој се запознал со навивачот, кој го повикал на вечера, и на партија „ФИФА“.
? Kante is a legend!#CFC pic.twitter.com/FhJzAxULXp
— The Sportsman (@TheSportsman) September 16, 2018