Н’Голо Канте се врати на тренинзи со Челси, откако претходно му беше дозволено да паузира поради стравувањето од корона вирусот.
Менаџерот Френк Лампард и првите луѓе на клубот му дозволија на Канте да не тренира со клубот, и 29-годишниот Французин по негативниот тест на КОВИД-19 реши да не работи со тимот. Во меѓувреме, сите премиерлигашки клубови се вратија на втората фаза на тренинзите, овојпат во групи од пет фудбалери.
Канте беше загрижен за статистиката во Британија, која вели дека црните мажи и жени се во двојно поголем ризик да починат од корона вирусот од белите луѓе. Покрај тоа, неговиот постар брат Наима почина од срцев удар пред Светското првенство во 2018 година, а тој го загуби и својот татко од срцева болест кога имаше само 11 години.