Top Sport

Капело: Анчелоти е најголемиот тренер што го имала Италија

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, искажа суперлативи за неговиот сонародник Карло Анчелоти, кој со мадридскиот тим го освои Светското клупско првенство.

„Анчелоти е одличен тренер, тој е најголемиот што го имала Италија. Тој е најдобар од сите, бидејќи е многу тешко да се постигне успех насекаде“, изјави Капело во интервју за „Раи“.

Тој му даде и препорака на големиот Карло.

„Тешко е да се води репрезентација. Но, водењето на Бразил може да биде сон на крајот од неговата кариера, исто како што беше за мене функцијата селектор на Англија. Се надевам дека ќе биде така”, му посака Италијанецот на својот сонародник.

Scroll to Top