Top Sport

Денвер ќе се засилат со Реџи Џексон

Откако го откупи договорот од Шарлот Хорнетс, плејмејкерот Реџи Џексон ќе потпише договор со Денвер Нагетс, пренесува НБА инсајдерот Адријан Војнаровски.

ЛА Клиперс, минатата недела го испрати Џексон во Хорнетс во замена за Мејсон Пламли. Искусниот 33. годишен плејмејкер ведшан изјави дека нема намера да остане во Хорнетс.

Минатата сезона Џексон имаше просек од 10,9 поени, 3,5 асистенции и 2,2 скока на 52 натпревари за ЛА Клиперс.

Џексон ја игра 14. сезона во НБА лигата. Деневер ќе бидат четврти клуб во неговата кариера, претходно играше за Оклахома сити Тандер и Детроит Пистонс.

Нагетс го решија проблемот со резервниот центар со доаѓањето на Томас Брајант, а сега нивната резервна петорка добива значително засилување во Џексон.

Денвер Нагетс моментално се први на Западот со биланс од 39 победи и 18 порази.

Scroll to Top