Top Sport

Валиева може да биде шампионка без медал, но вели дека ќе одговори достојно

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) нема да оддржи церемонија за доделување на медали во женското уметничко лизгање доколку руската тинејџерка Камила Валиева е меѓу освојувачите на едно од првите три места, и покрај тоа што Судот за арбитража во спортот (ЦАС) и дозволи настап на Олимпијадата во Пекинг.

Од олимпиското движење исто така потврдија дека нема да има доделување на медали за тимското натпреварување во Пекинг, во кое победија Русите предводени токму од 15-годишната Валиева.

„Во интерес за фер однос кон сите спортисти и национални олимписки комитети, нема да биде соодветно да се одржи доделување на медалите за тимското натпреварување во Пекинг бидејќи ќе вклучува спортист кој има позитивен А-примерок, но нее  докажано прекршување на анти-допинг правилата. Доколку госпоѓица Валиева заврши меѓу првите тројца во женското натпреварување, нема да има церемонија со цвеќиња и доделување на медали“, се вели во објавата на Извршниот одбор на ИОЦ.

Итното  заседание на Судот за арбитража во спортот (ЦАС) денеска одлучи дека Валиева може да настапи на Олимпијадата и покрај тоа што имаше позитивен тест во декември на рускиот шампионат. ЦАС посочи дека Валиева е „заштитена личност“ според кодот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) поради нејзината возраст. ИОЦ, ВАДА и Светската лизгачка унија (ИСУ) сакаа да ја суспендираат тинејџерката и де не и дозволат настап во Пекинг.

Самата Валиева, во своето прво интервју по скандалот, за рускиот „Канал 1“ вели дека поминала низ многу емоции.

„Ова беа многу тешки денови за мене, како да не беше доволно што има толку емоции. Среќна сум, но во исто време емоционално уморна. Плачам од среќа, но и со мала тага. Среќна сум што сум на Олимпијадата да ја претставувам мојата држава и се надевам дека тоа ќе го направам достојно.  Ќе покажам со мојот резултат. Седум часа седев на сослушувањето, имавме само една 20-минутна пауза. Благодарна сум на поддршката од Русија. Ќе отворам Инстсаграм и добивам многу пораки со поддршка“, вели Валиева.

Scroll to Top