Поранешниот тренер на Реал Мадрид Фабио Капело признал дека Бразиелцот Роналдо правел најмногу проблеми во периодот додека тој бил тренер на „кралскиот клуб“. Легендарниот италијански тренер во два мандати го предводел Реал (1996-97 и 2006-07).
Капело со Бразиелцот Роналдо имал можност да соработува во вториот мандат на „Сантијаго Бернабеу“.
„Роналдо е најголемиот талент со кого сум работел. Се разбиравме. Но сепак тој праваше најмногу проблеми.“, рекол Капело и продолжил.
„Правеше забави и такви работи. Еднаш Ван Нистелрој ми кажа:„Мистер во соблекувалната мириса на алкохол“. Кога Роналдо во јануари 2007 се пресели во Милан започнавме да победуваме. Кога станува збор за талентот, нема поголем талент од него“.
Роналдо во кариерата играл за Крузеиро, ПСВ; Барселона, Интер и Коринтијанс. Кариерата ја завршил во 2011 година.