Top Sport

УЕФА го пресели Суперкупот во Грција

УЕФА му ја додели организацијата на европскиот Суперкуп 2023 на Пиреја, Грција, откако претходно домаќинот беше рускиот град Казан, кому му беше одземено правото поради војната во Украина.

Финалето ќе се оддржи на стадионот „Јоргос Караискакис“ во Пиреја, домот на фудбалскиот клуб Олимпијакос, а во него традиционално ќе се сретнат освојувачот на Лигата на шампиони и носителот на трофејот на Лига Европа.

УЕФА исто така размислува во иднина ова натпреварување да добие турнирски состав, за да се вклучи и освојувачот на најновото европско натапреварување, Конференциската Лига Европа.

Scroll to Top