Top Sport

Капитените на шпанските клубови го одбија намалувањето на платите

По видео-состанокот на претседателот на синдикатот на играчите, Давид Аганзо со капитените на клубовите од шпанската прва и втора лига се дојде до заеднички заклучок да се отфрлат плановите на клубовите за намалување на платите и воведување на договори за привремено вработување.

Според „Кадена копе“, капитените му ја пренеле на Аганзо волјата за одбивање на намалувањето на платите, какво што воведе Барселона и неколку клубови од Ла лига. Дел од капитените биле согласни да дојде до „регулирање“ на висината на платата за да се помогне на клубовите, но повеќето биле согласни да се почека да се видат вистинските економски последици.

Scroll to Top