Top Sport

Легендарниот турски голман заразен со коронавирусот

Легендарниот турски голман Рушту Речбер (46) е хоспитализиран откако бил позитивен на вирусот КОВИД-19.

Информацијата на медиумите им ја соопштила сопругата на голманот. Таа рекла дека нејзиниот тест и тестовите на синот и ќерката биле негативни.

Рушту Речбер е еден од хероите на турската нација од Светското првенство во 2002 година кога Турција го освои третото место. Една година подоцна тој направи трансфер во Барселона.

Во кариерата настапил и на три Европски првенства (1996, 2000, 2008). За репрезентацијата одигра 124 натпревари.

Scroll to Top