Top Sport

Роналдо покрај мајка му: Чувајте го семејството и саканите

Кристијано Роналдо сподели одлична семејна фотографија со неговата мајка, откако таа беше пуштена од болница оваа недела по мозочниот удар.

Долорес Авеиро беше пуштена од болница минатата сабота речиси две недели откако доби мозочен удар, а Португалецот доби дозвола од Јувентус да се врати дом на Мадеира. Авеиро постираше фотографија на социјалните мрежи, а Роналдо во саботата навечер не го криеше задоволството што неговата мајка е покрај него.

„Се чувствувам многу благодарен што мојата мајка е пуштена од болница и сега се опоравува дома. Чувајте го семејството и саканите“, напиша Роналдо покрај фотографијата на која е со своите сестри Елма и Катја Авеиро.

Долорес Авеиро заврши во болница на 3 март по мозочниот удар предизвикан од тромб.

Scroll to Top