Top Sport

Капитенот Азпиликуета останува уште две сезони во Челси

Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета потпиша нов договор за да остане на „Стемфорд Бриџ“ до 2024 година, ставајќи крај на шпекулациите за потенцијален трансфер во Барселона.

dobivaj vesti na viber

Според британските медиуми, новиот газда на „сините“, Тод Бели го блокирал трансферот на 32-годишниот дефанзивец, и тој решил да продолжи со тимот, кому му е повеќе од потребен по заминувањето на Андреас Кристенсен и Антонио Ридигер. Ова беше проблематично лето за трансфери на Челси, откако ги пропуштија Жил Кунде (Барселона), Матијс де Лихт (Баерн Минхен) и Нејтан Аке, кој реши да остане во Манчестер сити, а вчера Брајтон официјално соопшти дека нема договор за трансфер ниту на Марк Кукурелја.

Азпиликуета има 476 настапи за Челси, освојувајќи две титули од Премиерлигата, ФА куп, Лига на шампиони и две титули од Лига Европа.

Scroll to Top