Top Sport

ЛЕ: Шкупи се враќа од Ирска со негатива од два гола

Македонскиот шампион, Шкупи доживеа 3:1 пораз на гостувањето кај ирскиот Шамрок Роверс во квалификациите за Лига Европа, откако примија гол во последните минути од мечот.

dobivaj vesti na viber

Мечот не започна најдобро за тимот на Гоце Седлоски, откако домаќините стигнаа до предност уште во 12. минута со голот на Греем Бурк од пенал, за по половина час игра водството да биде удвоено преку Дилан Вотс.

Сепак, надеж за реваншот донесе Бразилецот Кевен во 77. минута, со фантастичен гол од далечина, по што Шкупи мораше да се бори да го оддржи резултатот по црвениот картон кој го доби Валид Хамиди во 84. минута од мечот.  Казната стигна во 97. минута, кога Гери О’Нил даде гол за 3:1 водство на ирскиот клуб

ЛИГА ЕВРОПА, КВАЛИФИКАЦИИ, 1.МЕЧ

Шамрок Роверс (Ирс) – Шкупи (МКД) 3:1

АЕК Ларнака (Кип) – Партизан (Срб) 2:1

Фенербахче (Тур) – Словачко (Чеш) 3:0

Малме (Шве) – Дуделанж (Лук) 3:0

Марибор (Сло) – ХЈК Хелсинки (Фин) 0:2

Линфилд (СИр) – Цирих (Шва) 0:2

Олимпијакос (Грц) – Слован Братислава (Свк) 1:1

 

Голот на Кевен можете да го погледнете тука.

Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top