Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон реши на својата лева нога да го истетовира трофејот од Лигата на шампионите со датумот 01.06.2019, кога „црвените“ со 2:0 го совладаа Тотенхем за по шести пат да станат европски шампиони.
Хендерсон тетоважата ја изработи кај Томи Монтоја, еден од најпознатите тату-артисти од Калифорнија.
„Честитки до шампионите. Ливерпул и Џордан Хендерсон, кои и на врвот останаа скромни“, напиша Монтоја на Инстаграм.