Top Sport

Тениската ѕвезда која признава дека неговиот прадедо е „претходник“ на Хитлер

Бразилскиот тенисер Тијаго Сејбот Вилд направи мала сензација на Ролан Гарос оваа година, кога го елиминираше Данил Медведев, но потоа неговиот необичен приватен живот стана тема за светските медиуми, откако призна дека од страна на неговата мајка „сите се нацисти“.

Сејбот Вилд во Бразил е обвинет за насилство за неговата поранешна сопруга, инфлуенсерката Тајане Лима и весникот „О Глобо“ пренесува неверојатен разговор со неа.

Тајане Лима: „Твојата мајка не сака педери, црнци и Евреи, така?“.

Тијаго Сејбот Вилд: „Да. Моето семејство од страна на мајка ми сите се нацисти. Буквално. Мојот прадедо, детото на мојата мајка беше претходник на Хитлер. Тој го донесе во Австрија и го научи за животот“.

Покрај тоа, Сејбот Вилд пратил фотографии од неговиот семеен албум во кој член на неговото семејство е во друштво на Хитлер.

Според бразилските медиуми, Сејбот Вилд најверојатно зборува за Антон Дракслер, основачот на Германската работничка партија (ДАП) во 1919 година, која потоа беше преземена од Хитлер. Дракслер имал две деца, син Антон и ќерка Анемарија, но не е јасно дали тие завршиле во Бразил, иако е познато дека многу нацисти по крајот на Втората светска војна се преселиле во Јужна АМереика.

Scroll to Top